Спремаме масовен скрининг, но тоа не значи дека цело население ќе биде скенирано, рече министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес конференција во Владата.
– Тоа значи да ги уловиме некако групите на луѓе кои во моментов може се во фаза на инкубација а за тоа можеби не се свесни. Тоа се прави врз основа на проверка на нивните комуникации во изминатите денови. Тоа веќе се прави, епидемиолозите го работат тоа – рече Филипче.