Филипче: Со помош на ЕУ набавени се 12 респираторни машини
Покрај овие, информира тој, владата е во набавка на уште 31 респираторни машини.
Вкупно 12 респиратони машини и 5.000 медицински маски се обезбедени со помош на Канцеларијата на Европската унија во земјава. Во тек е набавката и на 31 респиратор од тендерот на владата. Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.
– Од попладнево имаме убава информација, со помош на ЕУ се обезбедија 12 респираторни машини и 5.000 маски. Машините ќе бидат поделени на Клиниката за инфективни болести и на болницата „8-ми септември’“ – рече Филипче.
Покрај овие, информира тој, владата е во набавка на уште 31 респираторни машини.
– Набавката е завршена и се очекува испораката – рече Филипче.