Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот профил на Фејсбук апелираше до граѓанитена кои им се прави епидемиолошка анкета, да даваат точни информации.
„Лекарите се тука да се грижат за нас. Да бидеме искрени со нив и да даваме точни и целосни информации на епидемиолошките анкети. Одговорноста е наша, битката е заедничка. Од нас зависи“, порача Филипче.