„ФИЛИПЧЕ СО ЈАХТАТА ТРОШИ 45.000 ЕВРА ЗА 5 ДЕНА“ Немаат идеи па измислуваат случај во Железници, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Немајќи што да најдат против актуелната владина гарнитура, СДС и Венко Филипче се фатиле за еден договор во Железници, но не кажуваат колкава е договорената сума“ – сер вели во соопштенето на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, кој е еден од ретките што комуницира со Груби, троши 45 илјади евра за само 5 дена пловење со јахтата, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„СДСМ и Венко Филипче заглавени во безидејност и очај, исплашени од историски најдлабокиот изборен пораз кој им претстои, изборната кампања, наместо натпревар на идеи, ја претворија во арена за напад. Филипче и СДСМ немаат што да им понудат на македонските граѓани, немаат никаква програма, идеи или проекти, ниту пак имаат со што да се пофалат за времето на нивно владеење, па уште од прв ден преминаа на црна кампања.
Па така, немајќи што да најдат против актуелната владина гарнитура, СДСМ и Венко Филипче се фатиле за еден договор во Железници, но не кажуваат колкава е договорената сума. И има за што не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, колку што е договорот за кој зборуваат, Филипче за јахтата ги троши само за бензин за пет дена. А, ако пак, оди на поголема дестинација или побрзо плови по морските води, тие 45 илјади евра ќе ги потроши за бензин, за приближно три дена.
Филипче, кој е поранешен министер за здравство е дел од криминалната банда на СДСМ, кои целосно го уништија македонското здравството. За време на најголемата криза во корона периодот, додека луѓе умираа секој ден, Филипче го злоупотреби здравствениот систем за да врши набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. И додека народот чекаше донации од соседните држави, СДСМ и Филипче купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од реалната. Истиот тој Филипче, сега случајно или не, се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби, едниот невиден криминалец, а другиот плус и бегалец. Филипче можеби не знае, но помагањето на Груби за бегство од правдата, претставува кривично дело“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.