Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека земјата има добиено многу одговори од донатори, како норвешката Влада за респираторни машини кои ги очекуваат на почетокот на април, како и од амбасадата на Кина и дека следната недела ќе биде добиен одговор.
– Следната недела како донација треба да пристигна 500.000 маски и 20.000 тестови и реагенси за тестирања на вирусот. Нашата земја беше примена во една голема студија за најсоодветна терапија кај овие пациенти од страна на СЗО и во која се вклучени повеќе земји и во која што се анализираат повеќе пристапи во лекувањето – рече Филипче
Филипче соопшти дека има средба со амбасадорката на САД, Брнс на кој што изминатиов период даде поддршка за подобрувањето на лабораторијата на Институтот за јавно здравје која сега таа е централна институција во нашата земја во која што се вршат сите тестирања кои се многу значајни во овој период.