Филипче: Следната недела почнуваат мобилните тестирања
Тој рече дека од новите случаи во Главниот град се 15 лица, четири лица се од Куманово, во Дебар има две лица, а по едно лице во Охрид, Штип и Тетово, како и дека околу 10.000 лица се во самоизолација.
Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лицe од кои 3 излекувани и 3 починати пациенти.
Тој рече дека од новите случаи во Главниот град се 15 лица, четири лица се од Куманово, во Дебар има две лица, а по едно лице во Охрид, Штип и Тетово, како и дека околу 10.000 лица се во самоизолација.
– Од следната недела започнува мобилните тестирања, подготовките траеа во текот на изминатите денови, па така ќе се селектираат уште пошироки групи согласно мислењата на епидемиолозите – изјави Филипче.
Министерот соопшти за новите мерки на Владата, па така е викендов ќе биде забрането движење од 16 часот до 5 часот сабајлето и дека ова е мерка која дава добри резултати.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (123)
– Дебар (43) од кои 2 починати
– Куманово (15) од кои 1 починат
– Штип (8)
– Велес (3)
– Охрид (3)
– Кавадарци (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)
– Тетово (1)
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани еден од Дебар и една пациентка од Скопје. Тие на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.