Филипче: Сите скопјани над 40 години, а се пријавени пред пресекот, ќе добијат термин за вакцинација
Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk - вели Филипче.
Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека сите скопјани на возраст од над 40 години, кои до крајот на април се пријавиле за вакцинација ги добиле своите термини.
– Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk – вели Филипче.