🎥 ФИЛИПЧЕ СИ ИМА НЕКОЈ НОВ ВИЦЕ?! Заев барем даваше евро за црквата, евро за… дали 150% поголемата маржа за Марковски компани завршува во СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да реагира за тендерот за ремонти во РЕК Битола.

992

ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ да каже дали 150% поголемата маржа на Марковски компани за ремонтите во РЕК Битола завшува на Бихаќка.

„Јавното обвинителство не смее да молчи. Имаме два договора за ремонти во РЕК Битола. И двата добиени од Марковски компани, едниот од 2023 година, другиот од 2024 година. Покрај разликата од 1 година, има и разлика во цените од над 150%. Ако Заев одеше едно за црквата, едно за Вицето, кај Филипче и двете се за некој нов Вице“, изјави пратеникот Бојан Стојановски, на прес-конференција.






Секој граѓанин знае дека цената за ремонти од лани до сега не скокнала 150% и исто така знае дека и лани Марковски компани со сигурност не работела тендер со загуба, т.е. дека имала маржа, т.е. заработувачка, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

– Логички се поставува прашањето, ако и лани фирмата профитирала, а имала можеби и повеќе од профит, тогаш оваа година каде завршиле парите? Филипче да каже дали ги оправдува набавките на ЕСМ направени од неговите луѓе, и дали смета дека истите не смрдат на криминал? Ако не го каже тоа, сомнежот дека всушност тој се крие зад истите ќе биде поголем од кога било. ЈО не треба да чека и да отвори истрага веднаш!

Поврзани содржини