Филипче: Шест лица од Дебар и еден странец се тестираат за коронавирус

На коронавирус се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола. Резултатите ќе бидат готови за неколку часа, по што јавноста ќе биде информирана.

618

Шест лица од Дебар и еден странец во моментов се тестираат за коронавирус, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

„ Моментално на коронавирус се тестираат 6 лица од Дебар. Од нив, четворица кои имале контакт со заболените од Дебар. Еден доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар исто така од Дебар кои се без симптоми на корона вирус, но за кои е важно да направиме проверка на нивната здравствена состојба“, наваедува министерот Филипче.






На коронавирус се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола. Резултатите ќе бидат готови за неколку часа, по што јавноста ќе биде информирана.

Поврзани содржини