ОБНОВЕНО Филипче: Секојдневно се консултирам со поранешен министер од ВМРО-ДПМНЕ
Во рамките на Комисијата за заразни болести има експерти и луѓе кои со години работат таму и за кои не знам каква им е политичката определба, рече министерот за здравство Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Детектор“, откако му беше поставено прашањето зошто опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека одбива да го користи знаењето на лекарите блиски до оваа партија.
– Мораме да го надминеме ова прашање за добивање политички поени, особено кога се работи за ваква работа, а тоа е јавното здравје. Секојдневно сме во комуникација и совети добивам од еден поранешен министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, кој има експертиза од областа на епидемиологијата. Тоа ние го користиме за сосема соодветна комуникација, за размена на искуства и совети. Нема тука поделба на ниту еден доктор по политичка основа – истакна Филипче.
ИЗВИНУВАЊЕ ДО Г-Н ФИЛИПЧЕ
Поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ со кого се консултира не е Никола Тодоров, туку Драган Даниловски. Му се извинуваме на д-р Филипче за грубата, но ненамерна грешка. Секако, извинување и до Тодоров и до Даниловски.