Филипче се заблагодари на Брнабиќ: Нашите лекари ќе се вакцинираат во Македонија

878

Министерот за здравство Венко Филипче се заблагодари на понудата на премиерката на Србија Ана Брнабиќ, македонските лекари од ковид центрите да се вакцинираат во Србија. Филипче рече дека нашите лекари ќе се вакцинираат дома и дека според планот за вакцинација тие се први меѓу приоритетните групи.

Тој изјави дека вчера во разговор со претставниците на Фајзер во Белград, се работи на двата договора за вакцините на Фајзер, односно и за тие кои земјава ги купила од компанијата и за вакцините кои е договорено да ги купиме од Србија.






– Сметам дека ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунузација. И благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставништвото на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите зада ние ги увеземе тие вакцини во нашата земја. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи тие се под голем притисок и комуникација со сите земји во светот – изјави Филипче и додаде дека денеска повторно ќе разговара со претставниците на Фајзер.

Поврзани содржини