Филипче: Се тестираат седум лица, а ќе тестираме дури 80 луѓе од Дебарско

На располагање се близу 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од целата држава. Откажан е целиот хируршки програм на сите одделенија.

1,017

Нема новодијагностицирани случаи во изминатиот период, но се тестираат седум лица, рече денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Три од нив се од Дебар кои потекнаа од анализите направени вчера, и тие имаат симптоми на грип, двајца пациенти од Центарот за јавно здравје од Штип и двајца пациенти кои се на Инфективната клиника. Овие четворици се со анамнеза дека патувале во Австрија и во Германија во кризниот период – рече Филипче.






Денеска е испишана првата пациентка во сосема добра клиничка состојба.

– Таа нема големи последици и може да се упати на домашно лекување. Сите кои беа во контакт со неа се тестирани и немаат никакви симптоми. Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, 13 на Клиника и петмина дома во Дебар. Непроменета е состојбата и на пациентката која е на респиратор. Таа е стабилна. Сосем лесна клиничка слика имаат пациентите во Дебар кои се на домашно лекување – рече Филипче.

Инфектолог од Клиниката ја координира работата на локалните инфектолози во Дебар.

– Во насока на дополнителни анализи и проверки евентуални индикации ќе се направат повеќе тестирања на повеќе луѓе согласно светски искуства на некои земји дури и на луѓе кои не сме сигурни дека биле во контакт дека се заболени. Ја прошируваме бројката на луѓе кои ќе се тестираат, таа бројка може да стигне од 40-50 дури и 80 луѓе со цел детално да се скенира овој регион – рече Филипче.

Тој нагласи дека координацијата на лекарските служби е добра и дека се во континуирана комуникација со лекарите.

– Кризната состојба во Дебар и во Центар Жупа се спроведува добро, луѓето се мирни се придржуваат до мерките, нема констатација за нарушување на јавниот ред и мир. Покажуваат исклучително висок степен на дисциплина. Можат да излазат само за болничко лекување со специјална дозвола од лекар – додаде министерот.

Денеска ќе има седница на Ввладата во 19 часот на која ќе се дискутира за повеќе мерки и за одлуките ќе информираат подоцна.

На располагање се близу 440 медицински сестри и 200 анестезиолози од целата држава. Откажан е целиот хируршки програм на сите одделенија.

– Апелирам, седете дома, не излегувајте без некоја посебна потреба, самоорганизирајте се во маркетите да не се создава гужва, затоа што тоа е единствениот начин да се стави крај на ширеење на вирусот – порача министерот Филипче.

 

Поврзани содржини