„ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО ШИБИЦАР НА КАМЕНИ МОСТ ОД 1990-ТЕ“ Лефков забележува дека СДСМ прави кловн од својот лидер
Партијата која прави кловн од сопствениот претседател и партија која се служи со чисти спинови, обвини Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Дебакл на СДСМ, Венко Филипче не знае што му подметнуваат, а партијата спинува со изјави стари 2 години. Венко Филипче кој излезе и даваше предлози за меѓународно позиционирање на државата, или не знаеше дека Македонија гласала унисоно со САД, или свесно манипулираше. Самиот СДСМ од Венко Филипче вчера направи кловн за потсмев, обвини денеска Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Доколку Филипче знаел дека Македонија гласала исто како САД, тогаш свесно манипулира и наместо да се однесува како претседател на партија, се однесува како шибицар на Камени мост од 90-тите. Фрапирани сме од погледите на СДСМ дека народот би паднал на такви евтини трикови. Но очигледно упорноста кај СДСМ зазема други граници, па во ист ден се обидоа по втор пат со ист трик. Нецели два часа откако си го избрукаа претседателот, пуштија соопштение, чист спин со најдолна лага презентирајќи 2 години стар став на заменик министерката Викторија Трајков за владата на Ковачевски како сегашен, и за владата на ВМРО-ДПМНЕ. Овде не додржаа и откако ВМРО-ДПМНЕ реагираше и медиумите ги фатија во лагата, се извинија – порача Лефков.
Ова е за жал сликата со СДСМ денес, посочи тој.
– Партијата која прави кловн од сопствениот претседател и партија која се служи со чисти спинови. Дали било кој може повеќе било што да верува од СДСМ и Венко Филипче? И СДСМ и Филипче покажаа дека немаат ниту идеи, ниту политики, а политичкото дејствување им е насочено на купи ден продај, со лаги, манипулации и одбрана на криминалци и корумпирани функционери од нивната власт и правосудството – рече Лефков.