ФИЛИПЧЕ САКА ДА БИДЕ КАКО ЗАЕВ Раководството на СДСМ не нуди ништо ново

Филипче и тимот на СДСМ не нудат ништо ново на политичката сцена. Дека тимот на Филипче не е ништо поразличен и е континуитет со политиките на Заев знаат и членовите на СДСМ, а тоа се гледа и во кадровската криза и проблемите во екипирањето, наведено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

285

Во СДСМ ништо не се менува, Венко Филипче и новите кадри се продолжена рака на Зоран Заев, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Филипче е лојален на Заев, ги поддржува и е дел од сите предавства, скандали и  криминали на претходното раководство. Филипче не се откажува од Заев а со тоа не се откажува ниту од криминалите кој тој ги правел во РЕК Битола, ЕСМ и предавствата со Бугарија. Филипче не се откажува од Заев и старите политики и афери како издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци, како и од рекетот и криминалот во фирмите кои ги правеле. Филипче не се откажува од Заев затоа што тој верно го следи Заев и сака да биде како Заев. Филипче е бледа копија на Заев. Заев е тој што раководи со СДСМ од далечина, додека се рашетува по Дубаи и светот со парите спечалени на грбот на македонскиот народ. Филипче и тимот на СДСМ не нудат ништо ново на политичката сцена. Дека тимот на Филипче не е ништо поразличен и е континуитет со политиките на Заев знаат и членовите на СДСМ, а тоа се гледа и во кадровската криза и проблемите во екипирањето“, наведено е во соопштението.






Во раководството на СДСМ на важни позиции има личности коишто немаат ниту ден партиски стаж и коишто се јавно непознати, но се верни слуги на Филипче и на Заев, се вели во партиската реакција.

„Нема јака опозиција со вакви репрезенти кои се континуитет на погубните политики на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини