Филипче: Пристигнаа уште 11.700 дози „Фајзер“

343

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер” , објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Од пристигнатите, 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“.






Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Поврзани содржини