Филипче: Препораката за ПЦР тестови за државјаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора е од епидемиолошката слика

Министерот верува дека во последните денови од кампањата, а и вечерта по изборите кога ќе се знаат резултатите, ќе се почитуват апсолутно сите протоколи.

523

Во најскоро време Владата на седница ќе го разгледува предлогот на Комисијата за заразни болести од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа – соопшти Министерството за здравство, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

– Оваа наша одлука и препорака се должи исклучиво врз основа на податоците коишто ги собиравме изминатите денови, а коишто ни ја прикажаа вистинската епидемилошка слика во сите овие земји за која што ние сметаме дека е многу полоша од нашата во овој момент – изјави министерот за здравство кој беше на симулација на безбедно гласање во организација на ДИК.






Оваа мерка, истакна тој, важи само за граѓаните на овие земји заради тоа сега во овој момент има многу поголем број и нашите граѓани може да заболат од коронавирусот.

Доколку тие само транзитираат тогаш можат да ја поминат границата без ПЦР тест.

Одговарајќи на новинарско прашање за денешните бојки на новозаболени, истакна дека сега се прави анализа на останатите категории на пациенти.

– Изминатите неколку дена има еден тренд на многу помалку приеми во болниците – посочувајќи на Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“.

На Инфективната клиника вчера биле примени шест пациенти, осум во болницата „8 Септември“, но има  многу повеќе испишани.

– По многу денови во текот на утрово има под сто вкупно хоспитализирани во болницата „8 Септември“. Бројката беше околу 120, 130  две до три недели наназад, сега околу 90. Значи има и добар дел на пациенти што се испишуваат. Се надевам дека овие трендови ќе продолжат и понатаму – рече Филипче.

Тој денеска уште еднаш нагласи дека препораката за секаква форма на масовно собирање останува и сега и во иднина, но исто така и дека огромен дел во целата борба против коронавирусот останува на свеста и совеста на народот.

– Препорака апсолутно имало, има и сега и ќе има и во иднина за секаква форма на масовно собирање. Но, секогаш доаѓаме до истата поента, а тоа е дека огромен дел во целата борба против коронавирусот останува на свеста и совеста на народот. И она што се случуваше во изминатиот период новите случаи вториот бран, почетокот, трансмисијата после тоа го поврзуваме со настани коишто овие превентивни мерки не се почитуваат. Било каква форма на собир каде што нема да се одржува дистанцата, нема граѓаните да носат маски асполутно е ризик како по здравјето на таму присутните, така и по здравјето на сите нивни блиски – рече Филипче.

Министерот верува дека во последните денови од кампањата, а и вечерта по изборите кога ќе се знаат резултатите, ќе се почитуват апсолутно сите протоколи.

– Ние практично секојдневно на утринските состаноци на КЗБ разгледуваме различни барања, од организатори на настани на отворено, на затворено, свадбите дали ќе се организираат или не беше прашање пред некој ден. За се важат истите препораки. И  повторно ќе се вратам на тоа новите случаи се исклучиво таму каде што мерките не се почитуваат – дециден е Филипче. 

 

Поврзани содржини