ФИЛИПЧЕ ПРЕФРЛИЛ 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2020 ГОДИНА ЗА ДА ГО КАНДИСА ЖАН МИТРЕВ ДА МУ ЈА ПРОДАДЕ КЛИНИКАТА ЕВТИНО Се чека Јавното обвинителство да ги испита информациите за изнуда

Петрушевски го повика Јавното обвинителство да ги испита и целосно да ги расчисти овие сериозни индиции за изнуда и сторен криминал.

1,904

Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче може да негира колку сака, но сведоштвата и фактите секој ден го демантираат и потврдуваат дека заедно со неговиот ментор, Зоран Заев и дружината, државниот апарат го ставиле во служба за остварување приватни и клановски цели, изјави денеска на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Користејќи ја моќта, ги злоупотребувале институциите, уценувале и вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат болницата за багателна цена. Наместо, како министер за здравство да се грижи за здравјето на граѓаните и да ги решава проблемите во јавното здравство, Венко гледал само како да дојде приватна болница. За остварување на оваа цел, Венко Филипче не ги штедел ниту државните пари. Јавно достапните информации говорат дека во време на власт на СДСМ, особено кога Филипче е министер, се зголемува буџетот кон Клиничката болница. Од 361.600.000 денари или околу 5,8 милиони евра, колку што изнесувал буџетот во 2015 година, трансферите до болницата од државната институција се зголемија скоро дупло со доаѓањето на СДС на власт. Односно, во 2020 година кога Филипче раководеше со македонското здравство, буџетските трансфери кон болницата на којашто Венко ѝ фрлил око, достигнале до 682 милиони денари, сума која во денари изнесува скоро 11 милиони евра – вели Петрушевски.






Тој го прашува Филипче дали ваквите огромни приливи кои ги правел кон Клиничката болница „Жан Митрев“, биле еден од начините со државни пари да го кандиса докторот да му ја продаде болницата за пониска сума?

– Ова не бил единствениот метод кој Филипче и неговата криминална дружина на чело со Заев ја користеле за да ја присвојат болницата. Тие на докторот, како што и самиот Митрев потврди, му вршеле притисок, го уценувале и му нуделе помош во судската постапка против клиничката болница. Ова покажува дека нема област во општеството која СДС, Венко Филипче и Зоран Заев не ја заробиле и не ја злоупотребиле. Апетитите на Филипче и на Заев кон приватниот здравствен сектор, не се нови, за нив со години слуша македонската јавност – рече тој и го повика Јавното обвинителство да ги испита и целосно да ги расчисти овие сериозни индиции за изнуда и сторен криминал.

 

Поврзани содржини