Филипче повторно возврати: Разочаран сум од Пендаровски, ефектот од неговото влијание е нула

. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција…

1,532

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашната „Клик Плус“ на ТВ21 повторно го коментираше ставот на претседателот Стево Пендаровски, кој денеска после Советот за безбедност, кажа дека е срам за државата што граѓаните викендов заминуваа во Србија на вакцинација.

– Разочарам сум навистина од изјавата, кога буквално цел свет е во војна со вакцините. Буквално секој кој што може треба да се вклучи во таа борба. Тука сега да се заинтересира некој само за своите права, е некоректно. Тој донесе нула вакцини, што уште еднаш кажува дека е многу тешко да се стигне до вакцините. Едноставно и другите земји немаат доволно вакцини, еве во Германија, Холандија, Франција… Србија е ретка земја и Израел кои успеаја да вакцинираат добар процент. Добро направи Србија, го ценам како навистина пријателски чин, кога имаат вакцини, ги отворија вратите за сите соседни земји – рече Филипче.

Поврзани содржини