Филипче: Повторно рекорден број вакцинирани во еден ден
Министерот вели дека за да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира.
Повторно имаме рекорден број аплицирани дози на вакцина во еден ден. За 24 часа една доза примиле речиси еден отсто од населението, информира министеротза здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил.
„Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува. За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира“, напиша Филипче.
Тој апелира граѓаните кои сѐ уште се двоумат да се вакцинираат, бидејќи, како што вели, вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста.
– Вакцинирај се без закажан термин – апелира министерот.