Филипче: Поради вирусот ќе се преуреди секој систем
Министерот смета дека здравствените системи ќе мора да се прилагодат на новиот коронавирус.
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната конференција посветена на ретроспективата од почетокот на пандемијата од корона вирусот, рече дека сите здравствени системи се соочија со еден нов предизвик и дека тој неминовно ќе ги преуреди во иднина.
Филипче смета дека здравствените системи ќе мора да се прилагодат на новиот коронавирус, и да постојат институции кои ќе третираат пациенти заболени од ковид-19 во иднина, и други кои ќе ги третираат другите пациенти.
– Ние веќе почнавме со тоа. Ќе мора дел од одговорностите да се префрлат на матичните лекари кои ќе ја преземат грижата за пациентите со полесни симптоми, додека другите ќе се сместуваат во болниците – вели Филипче.