Филипче: Полицискиот час останува на сила, но можни се дополнителни мерки

Тој истакна дека претходниот двонеделен полициски час успеал да ја стабилизира состојбата, меѓутоа во текот на следата недела ќе се знаат точните ефекти.

868

Од утре продолжува полицискиот час од 22 часот до 05 часот наутро, но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции, изјави министерот за здравство Венко Филипче за „Сител“.

Тој истакна дека претходниот двонеделен полициски час успеал да ја стабилизира состојбата, меѓутоа во текот на следата недела ќе се знаат точните ефекти.






– Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикција ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови – кажа Филипче.

Поврзани содржини