ФИЛИПЧЕ ПОДГОТВУВА НОВ ПОДАРОК ЗА БУГАРИЈА Со црвените линии си прави бонбона-бизнис, обвини Мицкоски
Лицемерие кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на митинг во Вевчани.
На овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на митинг во Вевчани.
Посочи дека е лицемерие кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани.
– Тоа е всушност реалното лице на опозицијата, која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов подарок за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ, на грбот на македонските граѓани. Сосема сигурно оттука може да се заклучи ако францускиот т.н. предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш прашањето ни е зошто, тогаш, ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона-бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото – истакна Мицкоски.
Мицкоски порача дека на овие избори мора да се излезе масовно и во огромен број и да се изрази волјата јасно, дека народот владее во оваа држава, а не тесните клики кои владеењето го гледаат само преку призмата на наместени тендери.