Филипче: Под 10 отсто од пациентите на респиратор се спасуваат, најмладиот што починал имал 23 години

Како што изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, од сите досегашни пациенти на механичка вентилација, најмладиот кој завршил лошо имал 23 години.

737

Под десет отсто од вкупниот број ковид-пациенти поставени на инвазивна вентилација кај нас успеале да се излечат. На хируршките клиники во моментов осум пациенти се на респиратор. Меѓу нив има и млади, а најмладиот е 40-годишен.

Како што изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, од сите досегашни пациенти на механичка вентилација, најмладиот кој завршил со смртен исход имал 23 години.






– Механичката вентилација се користи како последна метода за да се спаси животот на некој пациент. Но, во огромен број случаи кога пациентите се ставаат на механичка вентилација, не се пореметува белодробниот систем, туку настанува тромбоза на најмалите крвни садови кои го хранат. Затоа крајната фаза, за жал, во најголем број случаи завршува со лош исход – истакна Филипче.

Од почетокот на ковид кризата досега на близу 800 болничкии кревети има новопоставен централен довод на кислород.

– Сосема е доволна оваа количина во овој момент – рече Филипче по приемот на норвешката донација од 100 респиратори.

Поврзани содржини