Филипче: Почитувањето на мерките дава резултати

1,461

Почитувањето на мерките дава резултати, порача министерот за здравство, Венко Филипче преку Фејсбук.

Tој објави фотографија со илустрација на која може да се спореди бројот на нови случаи во првата и во третата недела од месец декември на која се гледа разлика, односно намалување од речиси 2.000 новозаболени пациенти од ковид-19.






Филипче притоа побара од граѓаните да останат одговорни и за време на празниците во борбата со ковид-19.

Поврзани содржини