Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, како и за уште еден смртен случај поврзан со Ковид-19.
– Почина пациентката која подолго време беше поставена на респираторна машина на Инфективната клиника. И покрај сите напори на лекарите и медицинските сестри и интензивната терапија, за жал таа денеска почина пред неколку часа. Беше на 66 годишна возраст и во историјата имаше дека прима хронична терапија за хипертензија – изјави Филипче.
Тој рече дека од новите случаи во Главниот град се 20 лица, три лица се од Куманово, во Велес има три лица, две во Прилеп и едно во Дебар, како и дека околу 10.000 лица се во самоизолација.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 3 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје – 108
– Дебар (41) – 1 починат
– Куманово (11) – 1 починат
– Штип (7)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Прилеп (2)
– Гостивар (1)