Филипче побара вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Директорката на болницата денеска информира дека во просторијата додека еден пациент примал инфузија, починал друг пациент.

937
Министерот за здравство Венко Филипче побара од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола за да се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените фотографии на социјалните мрежи и во дел од медиумите на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревет лежат починати пациенти.
Од Министерството информираат дека претходно д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот информирала во Министерството дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале.
-Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“. Од таа причина телото на починатиот не можело  да се пренесе во болничката мртвачница – објасни директорката на болницата во Битола.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

Поврзани содржини