Филипче по црните прогнози на американските експерти: Нема да има рестрикции

2,931

Венко Филипче, министерот за здравство, денеска одговори дека нема да има повторно воведување на рестрикции, откако Универзитетот Вашингтон од Сиетл направи проекција според која  до 1 ноември во Македонија ќе починат околу 1.800 луѓе од ковид-19, ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита.

– Ние сме подготвени и кога повеќекратно би се зголемил бројот на заболени, не само од ковид-19, туку и од сезонски грип, морбили, стомачни вируси. Прво мора да се повтори дека сме една од ретките земји која има протоколи за функционирање на бизнисните, плажите, базените, хотелите, тие се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Тука се стандардните мерки за држење дистанца и носење заштитни маски како единствен начин да се излезе од кризата. Новодијагностицираните случаи се произлезени од непочитување на овие мерки – рече Филипче денеска за „Сител“.






Според Филипче, единствена индикација која треба да покаже дали е потребна рестрикција за движењете се пополнетоста на болничките капацитети во ковид-центрите, кои според министерот се стабилни во бројките.

– Не можеме да живееме затворени и вечно со рестрикција во движењето. Епидемијата нема да ја снема ниту следната година, се додека не се вакцинира еден поголем дел од населението. Во овој момент мислам дека имаме издржани протоколи по принципи кои комисијата ги разработи и препорача, додаде Филипче.

Поврзани содржини