Филипче: Партиските собири на дистанца, ќе се чека ред за гласање со маски
Се пропорачува времето на гласање да се продолжи за 2 часа за да се избегнат поголеми гужви.
На барање на претседателот Стево Пендаровски а како резултат на заклучоците од лидерската средба, Комисијата за заразни болести изготви протокол за спроведување на изборната кампања и за денот на изборите, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.
Едногласна е поддршката од сите членови на Комисијата и мора да се спроведуваат целосно и без исклучок за да се заштити здравјето на граѓаните.
Протоколот произлезе од генералните препораки за заштита на граѓаните од ковид-19 и дава мерки и ограничувања кои прецизно го регулираат одржувањето на кампањата, движењето и организацијата на собирите и за денот на гласањето.
Протоколот е во четири дела и ќе им биде доставен на премиерот Оливер Спасовски и на претседателот Пендаровски.
– За изборната кампања се предлагаат генерални правила за движење, собирите треба да се одвиваат исклучително почитувајќи ги физичката дистанаца од 1,5 до 2 метри, задолжително носење маска и прекривка на устата и носот за време и пред кампањата на затворено а на отворено кога не може да се одржи физичка дистанца. Често миење на рацете и дезинфекција. При одржување на собири мора да се почитуваат сите овие мерки при собирите на отворено и на затворен простор. И за помали собири да се користат разгласни уреди за да избегне концентрирање на луѓе на мал простор – рече Филипче.
При кампањата врата на врата да не се влегува во самите домаќинства, само надвор пред варта или во двор. Партинските собири да се одржуваат на отворено. А ако се на затворено да се дезинфицира и луфтира по состанокот.
– Членовите на гласачките места мора да носат заштитни маски и ракавици да седат со отворени прозорци или да проветруваат секој час, да има средство за дезинфекција, гласачите чекаат на ред во динстанца од 2 метри, при влез на гласачкото место ги дезинфицираат рацете, маските кратко ги симнуваат заради идентификација. Нема повеќе гласачи истовремено од бројот на боксови на гласање. Се пропорачува времето на гласање да се продолжи за 2 часа за да се избегнат поголеми гужви – објасни Филипче.
Тој ги изнесе и проекциите на Комисијата за следниот период.
– Сега сме во фаза кога ги гледаме добрите ефекти на силните рестриктивни мерки. Се ноаѓаме во последните недели на вообичаеното траење на респираторните вируси. Сите фактори се исполнети за еден мирен период. Вирусот нема да исчезне во еден подолг период, такви се предвидувањата во светот додека не се открие вакцината и до стекнување на колективниот имунтет – додаде тој.
Фактори на влошување на состојбата се отворање на границите, патување надвор и враќање назад, влез на странци, почеток на школската година, на есен појава на сезонскиот грип.