Филипче: Оздравените од ковид-19 да даруваат крв за болните
Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, напиша Филипче.
Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19, објави денеска на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Крвна плазма, посочува тој, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.-Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски“, напиша Филипче.
Тој објави и линк за тоа кој и како може да дарува конвалесцентна плазма.