Филипче: Ова не е шега, луѓето да сфатат дека ова е за нивно добро

Министерот потврди дека доколку компанијата која го организирала симпозиумот во ресторанот  „Рагуза“ знаела дека директорката претходно престојувала во кризен регион, ќе биде поднесена пријава.

3,329

Никој не може да ја знае прогнозата за коронавирусот, а не можеме да знаеме и да бидеме сигурни и како ќе се шири вирусот кај оние кои биле на симпозиумот со директорката. Имаме 12 луѓе кои биле 20 часа во минибус со пациентка и никој не заболел, а имаме и ситуација како во Дебар каде има нови позитивни. Имате луѓе со висок, среден и низок ризик. Јавното здравје е врвен приоритет и сите строго да ги почитуваат мерките, нагласи министерот за здравство Венко Филипче денеска во Владата која прогласи кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа.

На денешната седница е и одлуката за ограничување на движењето на луѓето од овие општини.






Министерот потврди дека доколку компанијата која го организирала симпозиумот во ресторанот  „Рагуза“ знаела дека директорката претходно престојувала во кризен регион, ќе биде поднесена пријава.

За ситуацијата во Дебар, Филипче додаде:

– Има ограничување на влезот и излезот од овие општини и таму упативме екипа епидемиолози, а оперативниот план ќе покаже кој да се вклучи и од другите сектори. Ова не е шега, не може некои неодговорно да се однесуваат и не е без причина зошто се воведуваат овие рестрикции – и надвор во кафулињата преку една маса да се седи насекаде. Радикалните мерки се воведени кога видовме дека тие дадоа резултати во Кина и во Италија. Луѓето да сфатат дека ова е за нивно добро и апелираме сите да ги почитуваат препораките. А против секој кој не почитува, ќе се преземат чекори согласно законот – нагласи Филипче одговарајќи на прашањето во врска со шпекулациите дека некој директор на јавна установа бил вратен од странство, а потоа одел на работа.

Тој појасни:

– Некаде прочитав дека кога се вратил тогаш не важеле тие мерки, но ќе проверам – рече Филипче.

 

Поврзани содржини