ФИЛИПЧЕ ОСУДУВА ПОЛИТИЧКО МЕШАЊЕ ВО ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА Политичарите ги дискредираат експертите, смета тој

Филипче смета дека вклучувањето на меѓународни експерти не е лоша работа и дека тие ќе влијаат на елиминирање на политички влијанија.

65

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник во Собранието, Венко Филипче, на денешата прес конференција во одговор на новинарско прашање го осуди политичкото дискредитирање на членовите на македонската историска комисија.

– Сметам дека таа комисија има јасна задача, а тоа е да утврди заедничко толкување на историски факти. Тука за политика воопшто нема место. Дополнително со дискредитација и со обиди за политичка дискредитација ние ја поткопуваме суштината на целокупниот процес и тие политичари што тоа го прават ја дискредитираат експертизата на тие членови коишто работат таму, професионалци од тие области – изјави Филипче.






Тој потенцира дека политиката и политичарите треба да помогнат со тоа што ќе иницираат дополнителен модел, може и странски експерти, по примерот на некои европски држави, кои на тој начин решавале вакви проблеми.

– Сметам дека вклучувањето на меѓународни експерти не е лоша работа. Дефинитивно ќе влијаат на елиминирање на политичките влијанија кои на никого не му носат добро а ќе внесат искуства од претходни комисии каде работеле. Така што го осудувам политичкото дискредитирање и политизацијата на историската комисија – изјави Флипиче.

 

 

Поврзани содржини