Филипче: Охрабрува бројката од 272 излекувани лица

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи со ковид-19 и еден починат.

406

Расте бројот на излекувани пациенти и тоа охрабрува и е дополнителна мотивација за лекарите во болниците и за матичните лекари. Излекувани се вкупно 272 досега, а од нив најнови се 48, од кои шест се лекувале во болница и 42 во домашни услови, соопшти министерот за здравство Венко Филипче попладнево на онлајн прес-кпонференција заедно со премиерот Оливер Спасовски.

– Во изминатото деноноќие направени се 660 тестови, а вкупно досега во земјава се направени 13 000 тестирања на ковид-19. Во врвот во регионот сме по направени тестови, а уште повеќе ќе се скрати времето на чекање на резултатите зашто од вчера во функција е и лабораторијата во МАНУ – рече Филипче.






Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи со ковид-19, од кои 11 се во Скопје, девет во Прилеп, тројца во Велес, по двајца во Куманово и Тетово и првпат еден дијагностициран во Валандово. Во ГОБ „8 Септември“ почина 51-годишен пациент од Скопје, кој во болницата бил примен на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респиратор.

Поврзани содржини