Министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук порача да се оддржува два метра растојание во маркетите и во комуникацијата со луѓето.
– Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на коронавирусот и спасувате животи. Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа. Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус, напиша Филипче.