Филипче: Одлуката на Србија да ги отвори границите можеби е избрзана
Ние го очекуваме документот на Грција за начинот на поминување на границите, а истиот тој документ ќе им го понудиме и на другите земји - рече Филипче.
Одлуката на Србија на 1 јуни да ја отвори границата со Македонија и со останатите соседи може да се покаже како избрзана, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите.
– Отворањето на границите во Србија може да се покаже како избрзана одлука и со тоа да се загрозат националните стратегии на земјите. Ние го очекуваме документот на Грција за начинот на поминување на границите, а истиот тој документ ќе им го понудиме и на другите земји – рече Филипче.
Инаку, српската премиерка Ана Брнабиќ претходно соопшти дека од 1 јуни ќе започне либерализиран режим на поминувањето на границите со четири земји од регионот, односно со Босна и Херцеговина, со Црна Гора, со Албанија и со Македонија.
Таа истакна дека граѓаните на овие земји нема да имаат обврска да имаат негативен тест за коронавирусот при преминувањето на границата со Србија.