Филипче: Од свадба што ја правеле дома има заразени, другите гости ќе се анкетираат

9,077

Имаме заразени од свадба што ја правеле дома и ќе се анкетираат дополително гостите, тоа е засега единствено нешто во однос на поголем број заболени лица од ковид-19. Анкетите ќе  покажат на колку лица е раширен вирусот, но има голем ризик за тоа бидејќи на свадбата  имало  голема концентрација на луѓе на мал простор и каде не се почитувале воопшто превентивните  мерки. Ова би можело да биде потенцијално нов кластер на заболени – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

А за предлогот за воведување полициски час во четири града, тој рече – ќе видиме како се движи кривата и така ќе одлучуваме.

Поврзани содржини