Филипче: Од „Синовак“ нарачавме 500.000 дози, бидејќи само тие ветија целосна испорака
Тој вели дека за оваа вакцина се одлучиле, затоа што не постои друга вакцина од некој производител која може наеднаш да стигне во краток период во нашата земја, во толкава количина.
Министерот Филипче на денешната прес-конференција беше запрашан, зошто земјата се одлучила на толку голема количина од вакцината „Синовак“ и покрај тоа што за неа се говори дека има најмала ефикасност во спречувањето на коронавирусот.
– За ефикасноста на вакцината „Синовак“, повеќе пати се консултиравме со Комисијата за имунизација. Публикациите се дека ефикасноста на вакцината не е 50 проценти, како што велат некои, туку е над 70 проценти ефикасна“, изјави министерот.
Тој вели дека за оваа вакцина се одлучиле, затоа што не постои друга вакцина од некој производител која може наеднаш да стигне во краток период во нашата земја, во толкава количина.
– Затоа нарачавме 500.000 дози, а и самите гледате дека другите производители периодично доставуваат одредени количини. Ние сакаме пред летните месеци што повеќе лица да бидат имунизирани – одговори изјави Филипче.