Филипче: Непочитувањето на мерките доведоа до втор бран

Успеaвме добро да го амортизираме првиот бран и многу побезболно и од многу други земји да ја ставиме епидемијата под контрола - рече министерот.

430

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека непочитувањето на мерките за заштита е причината за овој втор бран на ковид-19 во нашата земја, како и дека сите треба да извлечеме поука од тоа.

– Успеaвме добро да го амортизираме првиот бран и многу побезболно и од многу други земји да ја ставиме епидемијата под контрола. Во даден момент оние кои не ги почитуваа воведените мерки го загрозија и сопственото и колективното здравје, а со тоа ги ставија во многу незавидна ситуација сите останати граѓани кои што многу доследно се придржуваа – рече министерот Филипче.






Тој и овој пат потенцираше дека вирусот е тука, дека тој останува, дека мора да научиме да живееме со него, затоа што и целиот свет продолжува да живее со вирусот, а превентивните мерки се практично универзални и се темелат на истите принципи.

– Само со почитувањето на овие мерки можеме да ставиме крај на епидемијата, дисциплината на граѓаните, како и личната и колективната одговорност побрзо ќе не вратат во нормализирање на нашиот живот. Апелирам до граѓаните да се почитуваат мерките, до надлежните институции за контролата на спроведувањето на мерките, затоа што секое прекршување мора да се детектира и да се санкционира – додаде Филипче.

Поврзани содржини