Филипче: Неопходен е дијалог и обединување во борбата со коронавирусот
Министерот изјави дека новиот реис на Исламската верска заедница, се согласува со неговиот став.
Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита, изјави министерот за здравство Венко Филипче по средбата со новиот реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. .
– За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа. За оваа цел, Министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници на која ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот – рече Филипче.
Министерот изјави дека новиот реис на Исламската верска заедница, се согласува со неговиот став.
– Фетаху во целост се согласува со ова и ја поздравува иницијативата. Тој посочи дека ќе продолжи да дава максимална поддршка и свој личен придонес во напорите на институциите кои се справуваат со корона кризата во земјата – рече Филипче.