Филипче: Немаме проблем да ја набавиме руската вакцина, нема тука политика

Во моментот кога пристигна понудата од руската амбасада за набавка на „Спутник 5“, вакцината се наоѓаше во третата фаза на клиничката студија. Но, сè уште не е завршен целиот процес. Немаме проблем да набавиме. Не постои тука политика - изјави министерот за здравство.

3,614

Немаме проблем да ја набавиме руската вакцина против ковид-19, бидејќи во вакцинацијата нема политика, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, во гостувањето на ТВ24.

Тој вели дека се одлучиле за вакцината на „Фајзер“ поради тоа што таа била понапредна во клиничките студии, додека, пак, руската вакцина „Спутник 5“ се наоѓала во третата фаза на клиничката студија.






– Во вакцинацијата нема политика. Тоа е исклучиво прашање кое ги прави правилата во делот на завршување на студиите и сите сертификати кои вакцини ќе ги добијат. Затоа што „Фајзер“ беше понапредна во клиничките студии, затоа почнавме преговори со нив. Во моментот кога пристигна понудата од руската амбасада за набавка на „Спутник 5“, вакцината се наоѓаше во третата фаза на клиничката студија. Но, сè уште не е завршен целиот процес. Немаме проблем да набавиме. Не постои тука политика – изјави Филипче.

Поврзани содржини