Филипче: Нема законска можност да намалуваме цени на лекови што се купуваат приватно

Министерот за здравство рече дека може да се интервенира само за лековите од позитивната листа.

300

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека не постои механизам со кој би се контролирале цените на лековите што се купуваат приватно, во одговор на новинарско прашање дека граѓаните што се лекуваат од ковид-19 во домашни услови се жалат дека тоа чини многу пари.

– Можеме да интервенираме во делот на тоа што законот ни нуди како можност, а тоа е интервенција во цената, ревизија на сите лекови што се на позитивната листа. Тие што се купуваат приватно навистина немаме механизам како да ги контролираме – рече Филипче.






Во таа смисла, министерот појасни дека веќе се покренало конкретно прашањето за замената на хепаринот, истакнувајќи оти во овој случај е можно решение со Фондот.

 

Поврзани содржини