„ФИЛИПЧЕ НЕМА ШТО ДА КРИЕ, СÈ Е ПРИЈАВЕНО ВО АНКЕТНИОТ ЛИСТ“ Опозициската СДСМ со цитат на Груевски возврати на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

„Вистината е како шило, кога тогаш ќе излезена виделина“, наведено е во реакцијата од СДСМ. 

364

СДСМ преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева нагласувајќи дека лидерот на СДСМ Венко Филипче има сè пријавено во својот анкетен лист и нема што да крие од јавноста.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да може со стари истрошени лаги да ги прикрива катастрофалните политики и скандалите кои секојдневно ја тресат Владата на Мицкоски. Тоа што од белиот дворец ја праќаат Митева да зборува за некоја фирма која никогаш не била активна и нема никакви трансакции, кажува колку е очајна оваа пропаганда на лаги од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.






Како што наведуваат од СДСМ во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ креира невистини и очајно се обидува да го оцрни претседателот на СДСМ Венко Филипче.

„Граѓаните многу добро ја препознаваат манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и стравот од претседателот Венко Филипче. Веќе е широко распространетото мислењето дека оваа влада на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето. Дополнително, им препорачуваме на Митева и Мицкоски, да замолчат на оваа тема затоа што на крајот наместо да напаѓаат ќе треба да се бранат. Како што љубеше да каже нивниот почесен претседател, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезена виделина“, наведено е во реакцијата од СДСМ.

ФИЛИПЧЕ ЈА КРИЕЛ СВОЈАТА ФИРМА ЗА ДА НЕ ЈА ПОВРЗАТ СО БИЗНИСОТ НА ЗАЕВ? Во „Медикал 420 БГ“ беа најдени наркотици вредни 800.000 евра, обвини Митева

Поврзани содржини