Филипче: Нема правен механизам за државата да издејствува поевтини услуги во приватните болниците

Министерот рече дека најпрво со директорите на приватните клиники е разговарано за медицинскиот кадар кој ќе биде вклучен во системот на ротација и ќе им помогне на колегите кои се во интерните клиники во Скопје.

703

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање рече дека државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените

Тој истакна дека веќе разговарал со директорите на три клиники, а одговор за ова добил само од една дека ќе се обидат да извршат намалување на цената за одреден процент.






– Иако апелирав тоа да се направи поради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат поради тоа што немале економска логика – вели Филипче.

Министерот рече дека најпрво со директорите на приватните клиники е разговарано за медицинскиот кадар кој ќе биде вклучен во системот на ротација и ќе им помогне на колегите кои се во интерните клиники во Скопје.

– Станува збор за пет лекари од болницата Систина, двајца од болницата Ремедика, како и еден лекар од Жан Митрев за кој сѐ уште не е потрдено, затоа што првичната информација беше дека голем број од здравствениот кадар е на боледување – изјави Филипче.

Поврзани содржини