Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција истакнаа дека има експлозија на вирусот, како кај нас, така и во Светот, но во моментов нема да се побараат сместувачки места во приватните клиники.
– Иако работиме под голем притисок, сепак здравствените работници се ангажирани, вложуваат значителни напори во спречувањето на кризата. Со новите капацитети кои ќе бидат вклучени во битката со ковид-19, мислам дека ќе можеме да одговориме на предизвикот. Сметам дека во овој момент не е потребно вклучување на приватните клиники во овој момент – истакна Филипче.