ФИЛИПЧЕ НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ СО 18.000 ГЛАСА Тој е само обичен приврзок на Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

625

По дебаклот што се случи на изборите денес во СДСМ на кои што имаше само еден кандидат, а тоа беше потрчкото на Заев, Венко Филипче, тој освои 18 илјади гласови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За трагедијата да биде уште поголема, регистрирани беа 23.712, а само 18 илјади членови го поДдржаа Филипче. Тоа само зборува дека Филипче нема кредибилитет во СДСМ. Само 18 илјади луѓе сметаат дека Венко треба да ја води СДСМ. Истиот Венко, кој не одговараше за модуларна болница, за набавката на ковид вакцини од фантом фирма „Старби“, кој лажно вакцинираше член на фамилијата за пи-ар, работеше за богатење на неговиот ментор Заев кој сега гради згради по Дубаи“, се наведува во соопштението.






Оттаму велат дека Филипче е поставен директно од Заев, за да работи за негови интереси.

„А знаеме дека интересите на Заев, се предавства за Македонија. Филипче е прочитана приказна на македонската политичка сцена. Филипче ниту е, ниту пак може да биде новото лице во СДСМ, тој е само обичен приврзок на Заев“, соопшти владејачката партија по изборот на Филипче за лидер на СДСМ.

Поврзани содржини