Филипче: Нема излекуван од ковид-19 што бил на респиратор, ќе се воведе и друг начин на лекување

3,788

Има ли пацент заболен од ковид-19 во земјата којшто бил приклучен на  респираторна машина, а е излекуван и пуштен дома, беше едно од прашањата кои новинарите денеска му ги поставија на министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата.

Министерот одговори:






– Нема излекуван пациент кој бил на респираторна машина, а има пациенти кои подолго време се на респиратор. Се планира воведување и на друг начин на лекување, со отварање трахеостома, односно  правење трахеотомија на некој којшто веќе покажува знаци дека може да закрепне – одговори министерот Филипче.

 

Поврзани содржини