ТУЃИ ОСТАВКИ ПРИФАЌА, СВОЈА НЕ ДАВА! Лидерот на СДСМ најавува нов почеток за партијата

Претседателот на СДСМ ги честита градоначалниците и најавува политички и кадровски промени по резултатите од вториот круг на локалните избори.

2,162

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва истакна дека нема намера да си поднесе оставка, иако резултатите од вториот круг на локалните избори се поразителни за партијата. На прес-конференција, Филипче им честиташе на граѓаните за излезноста и нагласи дека СДСМ останува втора партија по големина во земјата и прва во опозицискиот блок.

– Според досега обработените податоци, покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа во уште три, а тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Досега шест градоначалници, а очекуваме резултати и во уште неколку општини каде разликата е многу мала – рече Филипче.






Тој им честиташе на сите градоначалници од сите политички партии и нагласи дека овие избори покажуваат јасен патоказ за СДСМ и за него како лидер.

Филипче посочи дека во изминатите две недели во очи на вториот круг се вршел голем притисок врз кандидатите на СДСМ во 17 општини, и дека методите кои се користеле говореле за повторна злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е поттик да продолжиме, силно да се бориме против оваа власт, која никогаш повеќе нема да има таква поддршка како што имаше на изборите минатата година“, изјави тој.

Во однос на неговото лично лидерство, Филипче нагласи дека како претседател е кратко време – година и неколку месеци и дека досегашните резултати се дополнителен показател од кој СДСМ ќе влече поуки и пораки за иднината.

– Процесот продолжува, силно да се бориме против оваа власт. Со тоа што успеавме да ги разобличиме нивните политики, делумно е и наша заслуга што губеа голем број гласови – рече тој.

Филипче ја потврди оставката на потпретседателката на партијата, Ана Чупевска, но истакна дека соработката ќе продолжи во друга форма.

Поврзани содржини