Филипче: Нема да може секој да испитува антитела на товар на Фондот, треба да исполни услови

Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие испитувања на антитела на товар на Фондот во Институтот за биохемија, но под одредени критериуми, да не биде дека кој било може да го направи тоа испитување оти финансискиот товар е многу голем, истакна министерот.

2,598

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот, но ќе бидат потребни одредени критериуми и нема да може тоа да го прави секој.

– Разговарав со директорот на Институтот и заклучивме дека, сепак, има индикации да се прават испитувања за антитела. Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие испитувања на антитела на товар на Фондот во Институтот за биохемија, но под одредени критериуми, да не биде дека кој било може да го направи тоа испитување оти финансискиот товар е многу голем – истакна министерот.






Денеска Институтот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје соопшти дека добиле допис од ФЗОМ, според кој нема да се работат тестови за концентрација на антитела кон SARS-CoV-2 на товар на ФЗОМ. Од вчера за оваа услуга граѓаните ќе плаќаат приватно по 736 денари, соопшти Институтот.

Поврзани содржини