Филипче: Нема да има потреба од повторни рестриктивни мерки, како полицискиот час во Србија
Се намалува бројот на хоспитализирани со ковид-19 - вели Филипче.
Во изминатите 24 часа се регистрирани околу 130 нови заболени со коронавирусот – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи дека се намалува бројот на лицата кои се хоспитализираат во болниците.
Министерот смета дека во земјата нема да има потреба од повторно воведување на рестриктивни мерки, како полицискиот час во Србија.