ФИЛИПЧЕ НЕ ЗНАЕ НА ЧИЈА ЈАХТА СЕ ВОЗИ, АМА ЗНАЕ ДЕКА ЌЕ КОАЛИЦИРА СО ДУИ Призна дека СДСМ и ДУИ се едно исто, реагираше Стојановски

Денеска Филипче јавно најави коалиција со ДУИ. Прашањето е едноставно: Што толку има ДУИ за него и за Зоран Заев, за да не можат да се тргнат од нивниот скут? Секојдневно зборуваат за „ново раководство“ и „автентични одлуки“, а на крајот повторно се враќаат кај старите партнери во криминал и во корупција, вели пратеникот Бојан Стојановски.

530

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДСМ е изгубен во сопствените лаги и дека се обидува со празни бројки и манипулации да ја прикрие вистината: Македонија денес е држава на стабилни финансии, држава која по години пустош и корупција почна да се обновува и држава која ја враќа довербата во институциите, реагираше денеска пратеникот Бојан Стпјановски од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Филипче.

– Како што тврдевме, така и испадна. Денеска Филипче јавно најави коалиција со ДУИ. Прашањето е едноставно: Што толку има ДУИ за него и за Зоран Заев, за да не можат да се тргнат од нивниот скут? Секојдневно зборуваат за „ново раководство“ и „автентични одлуки“, а на крајот повторно се враќаат кај старите партнери во криминал и во корупција. Второ, зошто Филипче не собра храброст да одговори чива е јахтата на која го помина целото лето? Наместо да глуми жртва на пропаганда, нека ја каже вистината. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не рекло дека јахтата е негова, туку дека е на неговиот ментор, оној кој и денес го контролира. Народот тоа јасно го гледа. И уште една дилема којашто останува: Со кого беше на одмор целото лето? Со кого не разговарал за политика, туку можеби за „природата на универзумот“? Граѓаните заслужуваат искрен одговор, а не бегство од вистината зад празни флоскули – рече Стојановски.






Филипче зборува за економија, додаде тој, истиот тој кој беше дел од владата што ја донесе највисоката инфлација во историјата на државата, најскапата струја и гориво, сиромаштија и задолжување за генерации нанапред.

– Под нивните политики народот преживуваше со рекордно поскапување на лебот и основните продукти. Денес тој зборува за „стандарди“, истиот кој ја претвори македонската здравствена заштита во пепел, со крвави тендери, со аферата „модуларна болница“, со јахти, со шеми и со договори во четири очи – рече пратеникот.

Ајде со бројки, додаде тој:

– Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, од јули 2024 до јуни 2025, номиналниот раст на просечната нето-плата е 10.1%, а реалниот раст е 6.5%. Во времето на СДСМ, од 2017 до мај 2024, номиналниот раст е 8.2%, а реалниот раст едвај 3.5%. Истовремено, просечната стапка на инфлација под СДС беше 4.7%, а под ВМРО-ДПМНЕ е 3.6%. Само нека ги видат податоците и ќе им биде јасно кој ја лаже јавноста. Најдрско е што Филипче ја обвинува Владата за инфлацијата и сиромаштијата, а токму тој и неговата банда се симбол за економска несигурност, криминал и корупција. Под СДСМ, Македонија беше држава на невработеност, затворени фабрики и контрола од криминални елити. Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува стабилност, нови инвестиции, нови работни места и вистински економски раст, нешто што СДСМ не знае ни да го замисли, а камо ли да го спроведе – рече Стојановски.

Филипче зборува за „чест“ и „борба за граѓаните“, а го видовме како ужива на јахти, во друштво на транзициски олигарси, додека народот едвај врзуваше крај со крај, додаде пратеникот.

– И денес, наместо да одговори чива е јахтата, тој се заплеткува во лаги и полувистини. Народот го гледа тоа и знае дека СДСМ е партија на тајкуни и тендери, а не партија на граѓаните. За коалиции? Филипче сам призна дека СДСМ и ДУИ повторно се едно исто. Две партии без легитимитет, без идеи и без визија, кои знаат само да се бранат зад етнички поделби и криминални интереси. Македонија им сврте грб и тоа ги боли – рече тој.

Најголемата вистина е дека СДСМ нема што да понуди: нема политика, нема програма, нема енергија. Затоа единствената нивна стратегија е хаос, дезинформации и клевети, рече пратенкот Стојановски.

– Македонските граѓани одамна ја разбраа играта на Филипче и неговите ментори. Затоа СДСМ е четврта партија со 6% рејтинг, а ВМРО-ДПМНЕ е таа што ја води државата кон стабилност, економски раст и европска иднина. Филипче може да држи уште илјада вакви пресови, но едно ќе остане факт: Народот не живее од неговите лаги и ПР-празнословија, туку од реалните политики и резултатите кои Владата ги испорачува секој ден – рече Стојановски.

Поврзани содржини