ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ГРИЖИ ЗА „МЕТЛАТА“ Треба да остане да работи секој кој заслужува

Јас не се оптоварувам со тоа прашање, затоа што сме фокусирани на пандемијата, рече Филипче.

509

Тоа е нешто за што допрва треба да се разговара, затоа што за тие политички процеси се преговара и со коалициските партии и тоа ќе трае, одговори на новинарско прашање министерот Филипче дали тој ќе биде еден од министрите кои ќе бидат дел од реконструкцијата во владата, нешто што го најави заменикот претседателот на владата, Фатмир Битиќи.

– Сметам дека треба да остане да работи оној којшто се пронаоѓа во себеси во министерската работа, без разлика за кое министерско место станува збор. Секако да остане и тој што покажал резултати, а евидентни се критериумите за успех во работата. Сепак тоа го прави премиерот. Јас не се оптоварувам со тоа прашање, затоа што сме фокусирани на пандемијата – рече Филипче.

Поврзани содржини